Последната победа на Манчестер Јунајтед над Норвич со 4:0 го одржа Оле Гунар Солскјер на клупата на „црвените ѓаволи“ но се уште не му е сигурна тренерската позиција. Ако резултатите на тимот во првенството продолжат да бидат нестабилни, може да му биде покажана излезната врата.

А во случај клубот од „Олд Трафорд“ да го отпушти Оле ќе мора да плати 5 милиони фунти, пишуваат британските медиуми. Толку е годишната плата на норвешкиот тренер без различните бонуси.

После пензионирањето на сер Алекс Фергусон раководството на клубот платило 33,5 милиони фунти како компензација за предвремено раскинати договори на тренери – 20 милиони доби Жозе Мурињо, 8.5 милиони Луис ван Гал и 5 милиони Дејвид Мојс.