За прв пат по 2003 година, Барселона го отпушти својот тренер во текот на сезоната. Пред 17 години, Каталонците му врачија отказ на холандскиот стручњак Луис Ван Гал, кој во таа сезона имаше очаен старт и заостануваше дури 20 бода зад лидерот. Србинот Радомир Антиќ, беше човекот кој тогаш беше негова замена на кормилото на „Камп Ноу“, а тој сезоната ја заврши на 6. место со заостанување од цели 22 бода зад шампионот.

Оваа сезона, Барселона со 40 бода по 19 кола го зазема првото место на табелата во Ла Лига, но лошите резултати во последно време, како и елиминацијата во полуфиналето на Супер Купот му пресудија на Валверде.

Денес, 55-годишниот шпански стратег ќе биде заменет од поранешниот тренер на Бетис, Кике Сетиен, кој ќе биде промовиран во попладневните часови.