Премиерлигата чекаше долго време да донесе одлука да воведе кратка зимска пауза за своите клубови и истата ќе почне да функционира од овој февруари. Поради бројните обвинувања на штета на лигата дека фудбалерите се премногу уморни и дека е неопходна зимската пауза за да избегнат повреди и непотребен замор, Премиерлигата одлучи да направи компромис.

Сепак фудбалот во Англија нема да престане да игра, туку колата ќе се поделат. Една половина од лигата ќе игра една и ќе одмора следниот викенд, додека остатокот од лигата ќе го стори спротивното.

Така, само четири натпревари во Премиерлигата ќе се играат на 8 и 9 февруари, а преостанатите шест натпревари се закажани за одигрување следната недела. Ова ќе му даде на секој тим еден слободен викенд, или две цели недели меѓу две кола.

Но, сега Премиер лигата донесе одлука дека за време на таа пауза клубовите нема да можат да закажуваат пријателски игри од кои би можеле да остварат нов профит. Клубовите ќе можат да имаат натпревари, но само од затворен тип.

Премиерлигата за клубовите подготви документ во кој е наведено какви активности може да ги имаат за време на паузата.