Еден од поискусните во репрезентацијата, голманот Борко Ристовски со свој коментар околу мечот и воопшто првенството но и за недостатоците во овој тим.

Сите го сакаме најдоброто, но треба да се погледнеме во очи, ние како ракометари, вие како новинари и да си признаеме дека ова е нашата реалност. Можеби ја победивме Украина, која не е елита, меѓутоа на дуелите со Чешка и Австрија се виде нашата немоќ. Не зборувам за квалитет, за техника, туку пред се за страв. Ако ги погледнавте нашите ракометари пред мечот, повеќе од половина од нив беа бледи во лицата, тоа подоцна им се одрази и врз играта“, изјави Ристовски.

Видовме каде ни е местото. Ние пак ќе се бориме, но ќе имаме сериозен проблем бидејќи сега и патот до ЕП и СП ќе биде многу потежок затоа што ќе добиеме потешки противници. Со овој квалитет толку можеме, ни фали уште многу, многу работа на сите полиња. Мислам дека ова е добра лекција за сите нас. Сите треба да бидеме свесни дека сме предалеку од онаа генерација што бевме до пред неколку години.“, истакна Ристовски.

Јас напишав еден текст на Фејсбук за да го тргнам притисокот, целата негативна енергија и вина да ја насочам кон себе, за да можат младите да играат на по мирен начин и да не се оптоварува јавноста многу со нив. Јас сум навикнат да трпам критики, всушност тие ме мотивираат и затоа го напишав сето тоа. Што се однесува до моето место во репрезентацијата, се додека ме вика селекторот и се додека имам сила ќе бранам, секогаш сум тука за Македонија“, вели голманот на Македонија.