Откако доцна синоќа Ернесто Валверде и официјално доби отказ од местото прв тренер на екипата на Барселона, а на негово место беше назначен искусниот Кике Сетиен, денеска во тренинг центарот на клубот екипата го имаше и првиот тренинг под палката на новиот стратег.

Според планот, денеск апо 14 часот Сетиен и официјално ќе им биде преставен на новинарите, пред кои ќе одговара на прашања за неговите видувања за иднината на клубот. Валверде во меѓувреме се прости од фановите на Барселона, истакнувајќи ги убавите моменти минати на „Камп Ноу“.