На секое големо натпреварувања јавноста ги прозива „младите“ сили во нашиот табор. Од година во година чекаме токму тие да блеснат, да се наметнат, да застанат рамо до рамо, да ги растеретат поискусните.

Стојанче Стоилов имаше одлично ја објасни целата ситуација. Реално, на сите тие им е потребно време, да се опуштат, да напредуваат, верува дека и младите ќе созреат.

„Она што е проблем е што Кузмановски и Танкоски се уште не се лидери, не може среден бек што е толку млад да биде лидер крај Лазаров, во организација на нападите. Тешко е да се наметнат, а во суштина тоа им создава притисок. Треба да се опуштат, да го играат она што го знаат, да учат и да се напредуваат. Не е тајна дека со Миркуловски и со Мојсовски функциониравме подобро, но и младите играчи ќе созреат“, истакнува Стојанче Стоилов.