Позитивно расположени беа македонските репрезентативци на последниот брифинг со новинарите во Виена. Покрај анализата за Австрија малку се пошегуваа и на сопствена сметка.

„Освен што се домаќини друго ништо не ме плаши од Австрија, шутери се, имаат двајца ракометари но може и да не им влезат шутевите и да биде многу полесно за нас. Знаеме против кого играме и се надевам ќе ги анулураме нивните предности. Не сакам да откривам тактика, знаеме со кој играме, знаеме кои се нивните плусови и минуси, гледавме многу видео… Ако шутне од 15 метри и влезе во гол, што да направиме ние. не можеш да ги бркаш до центар такви играчи… Ако некој шутне од 15 метри тогаш негова е“ – вели Стоилов и покажува кон Митревски.

На ваквата констатација Митревски дофрли „Секогаш е на голманот.“