Осогово, клубот кој се прослави на Твитер и ФБ, од вчера означи старт на подготовките, и тоа со нов тренер. Имено членот на Втората лига – исток, место Жанко Савов за нов стратег го постави Кирчо Горгиев, кој се враќа во екипата по неколку месеци, претходно тој беше асистент во стручниот штаб. Играл фудбал во Зрновка, Слога Виница, Саса Каменица…

Вчера со првиот собир и првиот тренинг екипата од Кочани ги стартуваше подготовките. Тие во целост ќе се реализираат на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, а до стартот на пролетниот дел ќе се одиграат и неколку контролни мечеви.