Еден од ко-организаторите на Европското првенство, Австрија влегува во најуспешна деценија во историјата на ракометот. Токму по настапот на евро-шампионатот пред 10 години на кој оваа земја беше домаќин, Австријците фатија ритам. Имаат три успешни квалификации за ЕУРО и СП.

Оваа репрезентација е нашиот главен клуч за место меѓу најдобрите 12 селекции на веро-шампионатот. Има два победи во исто толку одиграни натпревари.

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ФАКТИ ЗА ОВОЈ ПРОТИВНИК

*Највисок пласман на Европските првенства, Австрија го оствари пред десет години го освои деветото место.

*По повлекувањето на познати имиња како Роланд Шлингер, Виктор Силаги, Вутаутас Зјура кои ги завршија своите кариери, Австријците формираа млад тим, кој сега е предводен од капитенот Никола Билик.

*На клупата на оваа селекција е Алеш Пајовиќ, кој добро го познава ракометот во оваа земја, како играч и како тренер.

*Ростерот на Австрија е составен од малади и искусни ракометари, кои играат во ислни европски лиги.

*На Европското првенство се пласираа директно благодарение на нивната ко-организаторска улога.

*Никола Билик и Роберт Вебер се двајцата клучни играчи. Билик има постигнато 260 гола за својата репрезентација по дебито во 2016 година. Тој е член на бундес-лигашот Кил.

*Кога зборуваме за искуството, тука е Вебер. 34-годишно десно крило голем дел од својата кариера настапуваше во бундес-лигата, во моментов е член на Нордхон-Лиген. Заедно со Бауер имаат најмногу настапи на ЕП, вкупно 15.

*Да не го заборавиме Јанко Божовиќ, некогашниот член на Металург, кој исто така е главната сила на оваа репрезентација.

ДОСЕГАШНИ ПРЕСМЕТКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АВСТРИЈА

*Двете репрезентации имаат одиграно вкупно четири меча. Доминира Македонија, има три победи, додека Австрија победила само на една.

*На Европските првенства се имаат сретнато само еднаш, триумфирала нашата репрезентација.

*Македонија има постигнато вкупно 111 гола против Австрија, додека пак противникот има осум гола помалку.