Тотенхем и Њукасл овојпат не се избрукаа и со победи на домашен терен си обезбедија пласман во следната рунда од ФА Купот. Њукасл вечерва го совлада Рочдејл со 4:1 со голови на О’Конел (автогол), Лонгстаф, Алмирон и Жоелинтон, додека Тотенхем лесно го помина Мидлсбро со 2:1 со голови на Ло Селсо и Ламела во првото полувреме, за гостите погоди Лавил во 83 минута.

Понатаму оди и Ковентри кој славеше над Бристол Роверс со 3:0, а и Шрузбери кој со 1:0 го победи Бристол Сити. Мечот меѓу Транмер и Вотфорд не се одигра поради поплавен терен.

 

ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО

НОРТХЕМПТОН – ДЕРБИ КАУНТИ

КПР – ШЕФИЛД ВЕНЗДЕЈ

БРЕНТФОРД – ЛЕСТЕР СИТИ

САУТЕМПТОН – ТОТЕНХЕМ

МИЛВОЛ – ШЕФИЛД ЈУНАЈТЕД

РЕДИНГ – КАРДИФ/КАРЛАЈЛ

ВЕСТ ХЕМ – ВБА

БАРНЛИ – НОРВИЧ

КОВЕНТРИ – БИРМИНГЕМ

ЊУКАСЛ – ОКСФОРД

ПОРТСМУТ – БАРНСЛИ

ХАЛ – ЧЕЛСИ

МАН.СИТИ – ФУЛАМ

ШРУЗБЕРИ – ЛИВЕРПУЛ

БОРНМУТ – АРСЕНАЛ

ВОТФОРД/ТРАНМЕР – ВУЛВЕРХЕМПТОН/МАН.ЈУНАЈТЕД