Војдан Стојановски ќе го одработи во целост договорот кој го направи со По Лак Ортез, кој е со важност до 19 јануари а потоа се сели во Гравелин Данкерк. За изборот на новиот клуб тој вели:

„Имав понуда да останам во клубот каде што сум сега, и за кој ќе го одиграм вечерашниот, но и наредниот меч од францускиот шампионат, оној против екипата на Монако. Но, морам да бидам искрен, и да кажам дека понудата од Гравелин за мене, барем во овој момент, е доста подобра во секој поглед, и оттука мојата одлука е да ја прифатам токму таа. Едноставно, не можев да ја одбијам“, вели нашиот кошаркар.

Војдан не очекува било каков проблем со оглед на тоа дека веќе од наредната седмица ќе биде дел од друга екипа.

„Тука не е размислува со некој ‘наш’, балкански менталитет, напротив. Кога се работи за професионален пристап, луѓето ја прифаќаат одлуката на поединци, па така и во мојот случај. Свесни се дека наскоро ќе мора да се збогуваме. Но нема лутиш, тоа е професионализам. Секој гледа и оди таму каде што мисли дека му е подобро“.