Европската фудбалска куќа (УЕФА) после собраните повеќе од два милиони гласови го објави најдобриот тим за 2019 година. Во идеалните 11 дури пет играчи се од Ливерпул, европскиот и светски првак, а две места заземаа Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Интересно е што оваа година нема ниту еден играч на Реал Мадрид.

Роналдо по 14 пат зазема место во тимот на годината на УЕФА што е рекорд.