Екипите на Фиорентина и Милан им се приклучија на Наполи, Лацио и Интер во четвртфиналето на италијанскиот Куп. „Виолетовите“ денеска ја совладаа Аталанта со 2:1, а стрелец на првиот гол за домашните беше новото засилување Патрик Кутроне во 11 минута. Во меѓувреме Иличиќ изедначи, но победата за тимот од Фиренца ја обезбеди Лирола во 84 минута.

Милан ја оправда фаворитската улога и со 3:0 го совлада СПАЛ и ја помина осминафиналната препрека во Купот. Пјонтек и Кастиљехо погодија во првото полувреме, а точка на мечот стави Тео Ернандез во второто полувреме.

Во четвртфиналето Милан ќе игра со  Торино, а Фиорентина ќе се соочи со Интер.