Емоциите се уште тешки, а главите жешки откако македонската ракометна репрезентација настапот на ЕХФ ЕУРО 2020 го заврши во групната фаза во Виена, а мислењата се поделени…

Но, од оние кои ја почувствувале тежината да се носи македонскиот национален дрес на свој грб испратија поддршка до ракометарите. Еден од нив е и капитенот на одбојкарската репрезентација Никола Ѓорѓиев.

Популарниот Нико во неделата на трибините во „Штадхале“ арената навиваше за Македонија, додека сега испрати силна порака на социјалните мрежи.

„Главата горе браќа! Ќе има уште многу победи и радости“ – им порача Ѓорѓиев на ракометарите.