Пако Алкасер стана „прекуброен“ во тимот на Борусија Дортмунд по доаѓањето на Ерлинг Халанд во тимот на „милионерите“. Сега тој бара нов клуб, а според најновите информации треба да се врати во Шпанија откако три тима ќе се тркаат за неговиот потпис.

Веќе е јасно дека од порано за неговите услуги се интересира Атлетико Мадрид, но таму би имал само помала минутажа, со оглед дека прва опција за Симеоне се Диего Коста и Алваро Мората. Исто така за Алкасер се интересира и Валенсија, тим во кој што веќе беше Алкасер пред да замине во Барселона. Третата екипа која го сака неговиот потпис е Севиља.