Ракометарите на Еурофарм Пелистер поради студеното време и ладната сала „Боро Чурлевски“ во Битола, дел од зимските подготовки ќе одработат во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“.

Стратегот Жељко Бабиќ го нема комплетниот тим на располагање со оглед на тоа дека дури деветмина негови ракометари меѓу кои и македонските репрезентативци Велковски, Митревски, Маџовски и Маркоски настапуваа на ЕП 2020, но тие треба да се приклучат на 21 јануари.

Бабиќ во тимот го има и словенечкиот репрезентативец Анже Ратајeц, кој го повреди коленото пред почетокот на сезоната и го пропушти првиот дел.

Еурофарм Пелистер во рамките на подготвителниот период го одиграа и првиот контролен натпревар против прволигашот КЛ7 и победи со 29:22.