Лигата на шампиони наскоро ќе го промени форматот, тврди угледниот британски „Тајмс“ потпирајќи се на извори од УЕФА.

Според новиот систем финалистите би играле 17 натпревари наместо 13 како сега. Во суштина не би имало осминафинале туку 16-те клубови би биле поделени во четири групи со по четири тимови што значи четири натпревари повеќе за тимовите кои ќе ја пројдат првата групна фаза.

Притоа оние клубови кои ќе изборат пласман во полуфиналето автоматски би осигурале учество во наредното издание на Лигата на шампионите без разлика на нивниот пласман во домашното првенство.

Со тоа УЕФА им излезе во пресртет на најбогатите европски клубови кои со години пробуваат да го зголемат бројот на натпревари во елитната европска лига за да заработат повеќе пари. Сепак, овој формат ќе добие официјална потврда доколку УЕФА и Здружението на европски клубови го потпишат договорот.

Од УЕФА сметаат дека со уфрлување на втора групна фаза би се избегнало незгодни изненадувања во вид на рано испаѓање на најбогатите клубови.

Системот, ако се усвои, би стартувал дури од сезоната 2024/25.