Хрватска продолжува да „гази“ на Европското првенство во Виена и денеска ја отвори главната фаза со победа над домаќинот Австрија, 27:23 (13:8). За Австријците, пак, ова беше прв пораз на ЕП откако претходно исто како непоразени од групата Б влегоа во продолжението, откако ја елиминираа Македонија.

Хрватска фаворитската улога ја покажа уште на стартот 3:1, 5:3, но Австрија се враќаше 5:5, пред во средината тимот на Лино Червар да го направи главниот пресек за 10:5, по кој домаќинот бркаше негатива се до крајот.

До највисоки +6 (15:9) Хрватска дојде на почетокот на вториот дел и иако ова полувреме заврши (14:15 за Австрија) сепак немаа сили за изненадување австриските ракометари.

Златко Хорват беше прв стрелец со 6 гола, додека Циндриќ и Дувњак имаа по 5 гола. Вебер со 6 гола беше најефикасен кај Австрија, додека Ејхберг имаше 10 одбрани.