Шансите Хари Кејн да биде подготвен за настап на Европското првенство ова лето се минимални. Ова го тврди еден од водечките хирурзи на островот.

Капитенот на Англија минатиот викенд беше подложен на операција на скината тетива во задниот дел на бутот, а од Тотенхем најавија дека очекуваат тој да се врати на тренинзи во април. Сепак, според Крис Вилсон, кој е меѓу водечките хирурзи кои ја спроведуваат оваа постапка, на Кејн ќе му бидат потребни околу 6 месеци повторно да може да игра, а тоа значи дека нема шанси да биде подготвен за европското првенство.

„Според мое мислење, ќе бидат потребни шест месеци пред тој повторно да заигра. Сепак, ова е само мислење бидејќи станува збор за невообичаена постапка. И ако се е како што треба со операцијата, во текот на првите 6 недели тој нема да може да се движи нормално. Потоа, меѓу 6-та и 12-та недела, ќе почне со тренинзи во сала. Дури после третиот месец ќе започне нормалната рехабилитација на тетивата“, рече Вилсон, кој има направено 75 вакви интервенции.