Првиот Грен слем турнир во новата сезона „Австралија опен“ почнува в понеделник, а ѕвездите кои ќе настапат на истиот пред стартот одиграа егзибициски натпревари во кои собраа нешто повеќе од пет милиони долари.

Тие ќе одат во хуманитарна помош за катастрофалните пожари кои ја зафатија Австралија во последните неколку месеци. Покрај тенисерите учествуваа и неколкумина пожарникари, кои во моментов се национални херои со оглед на тоа колку направија изминатиов период.

Ѕвездите беа поделени во тим Серена и тим Каролина, а покрај тенисот и собирањето на сретствата, забавата за публиката беше задолжителна.