Новиот стратег на европскиот првак Вардар, Стевче Алушовски не може да биде посреќен од резултатите постигнати на неговите ракометари со националните тимови за кои настапуваа на ЕХФ ЕУРО 2020.

Македонија, Русија, Летонија се елиминирани уште во групната фаза од ЕП, а тоа значи дека Алушевски нема долго да чека за да го комплетира тимот во зимските подготовки, или, поточно, веќе в вторник „црвено-црните“ ќе бидат комплетни.

Единствено кој ќе недостасува е Германецот Кристијан Дисингер, кој се рехабилитира по операцијата на коленото и кој дефинитивно ќе го пропушти стартот на вториот дел од сезоната.

Добра вест е што, конечно, со тимот е Хозе Де Толедо, кој ја пропушти првата полусезона, но затоа сега е со тимот од првиот ден.

Вардарци ќе имаат добри 15-тина дена за темпирање на формата под палката на новиот тренер Алушовски, кој официјалното деби ќе го има на 5 февруари на гостувањето кај Кил, во Лигата на шампионите.