Босна и Херцеговина без победа го заврши дебитанскиот настап на Европското првенство. Оваа репрезентација пред стартот беше во центарот на вниманието, тамошната федерација едвај собра пари за настап на евро-шампионатот.

Помошниот тренер Ласе Боесен по враќањето дома ја отвори душата.

„Немам договор и не сум платен, но тоа не е важно, со тоа можам да живеам. Немавме физиотерапевт. Што да правиме ако се повреди некој, како што тоа беше случај по завршување на Европското првенство. Немаше реакција од сојузот. Имавме само еден сет на дресови, но немавме торби за да ги носиме. Билал и јас ги испразнивме нашите патнички торби за да можеме да ги ставиме во нив“, изјави за “Klix.ba” Боесен.