Циркусот наречен Формула 1, наскоро ќе се прошири. Имено како што јавуваат светските медиуми, од наредната сезона, таа 2021, своја трка во овој спектакуларен мото спорт ќе добие Саудиска Арабија, а пистата ќе биде блиску до градот Џеда. Ако овие најави се остварат, тогаш Блискиот исток, по Бахреин и ОАЕ, ќе добие и трета трка.

Саудијците имаат намера да платат 50 милиони евра за лиценцата, а главен спонзор ќе им биде „Арамко“, водечка нафтена компанија во тој дел од светот. Оваа компанија ќе ги сноси сите трошоци околу изградбата на патеката и организација на самата трка.

Лесно е кога имаш пари, многу пари. Можеш без проблем на „гости“ да ги поканиш Фетел, Хамилтон, Раиконен и останатите мега -ѕвезди на Формула 1.