Репрезентацијата на Португалија продолжува да изненадува на ова Европско ракометно првенство. Самиот пласман во главната рунда беше сензација, а по поразот од Норвешка во првото коло, сега успеаа да ги победат Швеѓаните, за кои се знае дека се едни од најсилните во ракометот.

„Морепловците“ им одржаа лекција на „викинзите“. Не само што ги победија – ги победија со дури 10 голови разлика!

Конечниот резултат беше 35:25.

Кај Португалците се истакнаа Фераз, Магаљаеш и Соуса со по шест гола, а кај Швеѓаните најефикасни беа Нилсон и Петерсон со по четири погодоци.