Се редат признанијата за добрите  игри на Иван Тричковски во дресот на АЕК Ларнака. Тој доби нова награда, со тоа што беше избран во најдобриот тим за изминатата 2019 година.

Благодарение на неговите голови, АЕК Ларнака минатата сезона одново избори учество во квалификациите за Лигата на Европа, но не успеа да дојде до групите, како што тоа го направи во 2018 година.

Тричковски добро тргна и оваа сезона. Пред неколку дена постигна четири гола во дуелот против Етникос, и беше најдобар стрелец на неделно ниво.