Кошаркарите на Олимпијакос на домашен терен го совлада Баерн со 89-72 во рамките на 20 коло во Евролига. До двата бода тимот од Пиреја дојде многу потешко иако на крајот славеше со плус 17.

Германците пружија силен отпор во третата четвртина имаа предност од 5-6 поени разлика, но не издражаа во последните десет минути. Олимпијакос овој период го доби со 35-19 за осма победа оваа сезона.

Црвена Звезда го запиша вториот пораз во последните два дена, откако беше совладана од Жалгирис со 94-85 по продолжение.

Српскиот тим на оваа средба влезе како фаворит, но за жал не успеа да ја оправда оваа улога. Во одлучувачките моменти Лазиќ и Штимац не погодија за победа, на другата страна Германците дојдоа до два важни бода за влез меѓу осумте најдобри тимови.

Силва и Сикма со по 15  поени беа први стрелеци, кај Звезда Пантер имаше 24 поени.

Резултати: ЦСКА – Басконија 94-90, Зенит – Валенсија 81-86, Анадолу Ефес – Лион 101-74, Црвена Звезда – Алба 85-94, Олимпијакос – Баерн 89-72, Панатинаикос – Жалгирис 96-94.