Стратегот на Манчестер Сити се надева на двојна прослава в сабота. Првата – победа против Кристал Палас на домашен терен, а втората неговиот 49-ти роденден.

Но, интересно е што ниту еден стратег на Манчестер Сити за својот роденден не добил подарок – победа во Премиер лигата.

Претходно ниту Брајан Хортон во 1995 година, ниту Jо Ројл (2001) и Марк Хјус во 2009 година, не успеале победнички да ги прослават родендените. Роберто Манчини имаше две можности да го прослави роденденот во триумф, во 2011 и 2012 година, но Сити одигра нерешено (1:1) кај Стоук Сити и Ливерпул.

Но, она што може да му донесе надеж е дека „граѓаните“ никогаш не загубиле два натпревари по ред од еден ист противник. Сити во претходниот дуел со Палас на „Етихад“ загуби со 2:3.