Словенија продолжи во победнички ритам на Европското првенство. Избраниците на Љубомир Врањеш се чини полесно од очекувањата ја совладаа репрезентацијата на Исланд со 30-27 (15-14) во првиот меч од главната рунда на евро-шампионатот.

Тргнаа сигурно, мечот го отворија со 7-3, но на другата страна противникот брзо се врати. Не само што изедначи, на трипати поведоа со еден гол разлика (13-14). На одморот Словенија замина со позитива од 15-14.

Во продолжение со серија од 3-0, момците на Вранеш ја вратија предноста од три гола (19-16), кон средината на вториот дел имаа и плус шест (25-19, 26-20). Оваа позитива беше доволна за нови два бода за продолжување на сонот полуфинале.

Бомбач со девет гола беше прво име во редовите на Словенија, Ферлинг беше одличен на голот со 15 одбрани. Во редовите на Исланд Елисон имаше шест гола.