Легендарниот Роналдињо признава. Според него Франк Рајкард, тренерот кој го тренираше во Барселона, е најдобриот со кој имал можност да работи.

Бразилецот за холандскиот стратег говори само во суперлативи…

„Франк е супер тренер, мирен човек. Тој е најдобриот тренер со кого работев. За фудбалот знаеше буквално се, и тоа поради фактот дека самиот беше екстра фудбалер. Кога ја немавме топката во свој посед, сите имавме обврски во одбраната, но кога беше во наши нозе јас лично имав апсолутна слобода што да правам со нејзе“ истакна Роналдињо.