Спортинг Лисабон наскоро ќе почне преговори за нов договор за Стефан Ристовски, и покрај тоа што актуелниот му е со важност до летото 2022 година.

Ристовски е дел од Спортинг од 2017 година, кога мина една полусезона како позајмен од Риека, а потоа беше откупен неговиот договор од страна на португалскиот тим.

Досега Ристовски 58 пати го носеше дресот на Спортинг во изминатите две и пол години колку што е дел од оваа екипа.