Македонската селекција до 16 години со втор пораз на турнирот „Агеан Мерцедес Бенз Куп“ во Кушадаси. Селекцијата на Јужна Кореја беше подобра од нашата совладувајќи ја со 3:1.

Откако Корејците поведоа со 1:0, со силен удар од 20 метри Ристов израмни на 1:1. Тоа беше и резултатот на полувремето. Но, во вториот дел Јужна Кореја стигна до 2:1 од пенал, а потоа во финишот и до трет гол, со кој само ја потврдија победата.

Македонија состав: Василев, Павлески, Јаневски, Зеќири, Буќи, Ангелов, Елези, Гуџуфи, Ристов, Мат. Софијаноски, Талевски. Резерви: Тасев, Ѓорѓиев, Стојановски, Хамза, Стоилов, Митев, Љушев, Мар. Софијаноски, Попоски, Ибраими.

Во последниот меч селекцијата ќе се сретне со Украина. Во првото коло бевме поразени и од Албанија со 1:0.