Со мечот меѓу Шалке и Борусија  Менхенгладбах почна вториот дел од Бундес лигата. А во Гелзенкирхен Шалке ја победи Борусија со 2:0 и притоа ја прекина серијата од шест меча без триумф над овој ривал.

За популарните „рудари“ блескаше новото засилување Михаел Грегориш кој дојде како позајмен од Аугзбург. Австрискиот репрезентативец му асистираше на Сердар за голот за водство во 46. минута, а во 58. минута самиот се запиша во листата на стрелци. Но не само тоа, во првото полувреме го спаси својот тим со тоа што ја спречи топката да влезе во мрежата после удар на гостите.

За Шалке ова е деветта победа сезонава со која се искачи на четвртото место на табелата, а Борусија остана втора.

Исто така Шалке ја запиша 28-та победа над Менш во 94 меѓусебен дуел.

Standings provided by Sofascore LiveScore