Австрија дефинитивно се разбуди од сонот во кој ко-организаторот на ЕП живееше пред почетокот на главната фаза. Втор пораз во низа за Австријците во групата еден, денеска од европскиот првак Шпанија, 30:26 (17:16) што значи крај на нивната желба за полуфинале.

Шпанците, пак, се движат сигурно кон полуфиналето иако ги чекаа клучните дуели со Германија и Хрватска во следните две кола.

Австрија пружи сериозен отпор во првото полувреме, „пркосејќи“ му на бранителот на титулата во секој поглед, а највисоката предност „фуријата“ ја имаше на 8:5, за откако изедначи домаќинот, 8:8, да се игра гол за гол до крајот на полувремето (17:16).

Но, во вториот дел Шпанија ја покажа својата сила и во средината на полувремето дојде до највисоки 25:20. Техничките грешки на Австријците, како и фактот дека не искористија некои клучни моменти, како играта на Шпанија со двајца ракометари помалку на теренот, за да ја намалат разликата на крајот ги чинеше пораз.

Голманот Коралез беше одличен во завршницата на мечот и со 30:26 Шпанија дојде до нова евро победа.

МВП на мечот беше Хорхе Македа, кој постигна шест гола за Шпанија, додека Јанко Божовиќ со пет погодоци беше најефикасен кај Австрија.