Ерлинг Холанд имаше деби во Бундеслигата какво што секој фудбалер може да посака, со хет-трик во дресот на Борусија Дортмунд.

Тој во игра влезе во 56 минута и за 20 минути постигна три гола и му донесе на тимот победа од 5:3 над Аугсбург.

Ваквиот учинок го смети веднаш на листата на вечните, поточно тој е седми играч во Бундеслигата, кој во својот деби настап постигнал хет-трик.

Последен на кој му успеало тоа е Пјер-Емерик Обамејанг во 2013 година, кој исто така постигнал три гола за Борусија против Аусбург.