Поранешниот голгетер на Реал (М) и на бројни други клубови низ Европа, Алваро Негредо, стана автор на еден од најбрзите погодоци во историјата на фудбалор. На дуелот меѓу Ал-Наср и Ал-Ахли во Купот на Арапскиот Залив, Алваро Негредо , кој игра за Ал-Наср од ОАЕ, постигна гол по само 6 секунди игра.

По почетниот свиреж, напаѓачот тргна кон голот на противникот, доби точен пас и беше успешен реализатор.