Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров е во Скопје. Нашиот најдобар ракометар по завршување на обврските кон националниот тим не се врати во Нант, тој денеска го проследи вториот пријателски дуел меѓу Еурофарм Пелистер кој се пресели во нашиот главен град, и неговиот КЛ7.

Втората средба заврши со победа на поискусните, битолскиот тим славеше со 38-12.

Лазаров на трибините беше во друштво со претседателот на Еурофарм Пелистер,  Зоран Стерјов и физиотерапевтот на на Вардар и македонската репрезентација, Димитар Маневски.