Нова интересна пресметка приредија Работнички и Куманово. Победник од оваа пресметка одново излезе најтрофејниот на домашен терен славеше со 77-72 (22-23, 15-15, 16-13, 24-21) во второто дерби на 12 коло. Со новите бодови „црвено-белите“ им се доближија на водечките МЗТ Скопје и Гостивар кој имаат еден бод повеќе.

Триото Николовски (19 поени), Младеновски и Мијатовиќ (15 поени) го предводеа својот тим, тројцата заедно постигнаа 48 поени. Младеновски имаше дабл-дабл од 14 поени и 12 скока. На другата страна Црниќ беше осамен, постигна 27 поени.

Двата тима влегоа со мали освежувања во вториот дел од сезоната, гостите своите редови ги поткрепија со две странски засилувања, Лакиќ и Црниќ, на другата страна тимот од „Градски парк“ го потпиша Марјан Младеновиќ.

Работнички го имаше водството во поголем дел од мечот, на неколку пати водеше со плус шест (20-14 во осмата минута, 29-23 на стартот на втората четвртина). На другата страна Куманово не дозволуваше мечот да отиде на друг правец па брзо се враќаше во игра.

Победникот беше решен во последната четвртина. Николовски, Лесколт, Главчев и Младеновиќ ширум го отворија патот кон нови бодови, но како по некое правило, пресметката меѓу овие два тима секогаш завршува драматично. Со серија од 7-1, Куманово се врати на 72-70. Мијатовиќ реализираше две слободни фрлања на 17 секунди до крајот, а потоа и два поени за потврда на победата.

ЛЕСНИ ДВА ЗА КОЖУВ И ПЕЛИСТЕР

Кожув го демолираше Еуроникел на гостински терен со 68-91 (15-27, 14-26, 25-26, 14-12 ) за осма победа оваа сезона.

Гевгеличани брзо го решија името на победникот, на полувремето имаа позитива од 29-53, до крајот беше чиста рутина. По овој пораз кавадарчани направија чекор назад во битката за првото место на табелата.

Пелистер им се врати на победите по оној пораз пред паузата од Еуроникел по продолжение, на гостувањето кај Академија ФМП славеше со 58-68 (18-20, 13-18, 11-16, 16-14) за шестти триумф сезонава и продолжување на битката за влез во Супер-лигата.