Никос Зизис, првиот плејмејкер на Хувентуд нема да го одбработи својот договор. Грчкиот кошаркар од челниците на клубот побарал да ја раскинат соработката поради неговата одлука да ја заврши богатата кариера, но во дресот на АЕК, тимот каде започна да чекори успешно низ кошаркарките „води“.

По оваа одлука, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ испрати силна порака преку својот „Инстаграм“ профил. Со добро одбрани зборови и неколку фотографии му се заблагодари на Зизис и докажа дека Македонецот и Гркот сепак може да се сакаат и почитуваат.

Со заминување на Зизис, првото плејмејкерско место во тимот на Бадалона ќе му припадне токму на Нено, кој оваа сезона максимално ја користи секоја минута на теренот.