Металург е во Монлисон, каде е дел од меѓународен турнир со учество на екипите на Металург,  Спортинг, Шаран и на Шербург.

Тимот од Автокоманда на втората полуфинална средба загуби од Шербург со 21-22 (12-12).

Металург имал нерепено 21:21, само две секунди го делеле од изведување на седмерци, но противникот среќно ја завршил својата последна акција за место во финалето, се вели на официјалниот сајт на македонскиот тим.

Тренерот Кастратовиќ и на оваа средба направи максимален број на измени, за да сите ракометари ја добијат својата шанса. Голем пех беше исклучувањето на Стефан Додиќ, на почетокот од второто полувреме, бидејќи тој во тој момент беше нашиот најдобар поединец.

Во борба за третото место, Металург ќе игра со екипата на Шаран.