Металург го загуби малото финале на турнирот во Монлисон, беше совладан од Саран со резултат 35-33 (18-12).

Избраниците на Зоран Кастратовиќ мечот го изгубија во првото полувреме, во кое противникот ги казнуваше сите грешки на тимот од Автокоманда и на паузата замина со плус шест (18-12).

Во вториот дел Металург го засили притисокот и дојде во позиција да се бори за победа, откако израмни на 32-32, во решавачките моменти падна концентрацијата.

Со овој натпревар Металург ги заврши подготовките во Франција.