Не престануваат реакциите после фантастичниот настап на норвешкото чудо Ервинг Халанд кој реализираше три гола во победата на Борусија Дортмунд над Аугзбург со 5:3. „Милионерите“ губеа, а во 56. минута во игра влезе Халанд кој реализира хет-трик и ги предводеше жолто-црните до успехот.

Притоа подобри неколку рекорди и се нареди до некои славни голгетери во најсилната германска лига… Еве некои од нив.

  • Прво да кажеме дека имаше вкупно 10 допири со топката, а трите гола ги постигна по три шута кон противничкиот гол.
  • Халанд е вториот најмлад реализатор на хет-трик во Бундес лигата, а прв дебитант кој влегол во игра и реализирал три гола.
  • Тој е вториот играч на Борусија Дортмунд кој дал три гола на еден меч. Претходно тоа му успеа на Пјер-Емерик Обамејанг на 10 август 2013 година исто така против Аугзбург.
  • Трите гола ги реализира во период од 20 минути што е најбрз хет-трик сезонава, а шести севкупно во досегашниот дел од Бундес лигата. Исто така тој е седмиот фудбалер во најсилната германска лига кој реализирал хет-трик на дебито.

Халанд е првиот Норвежанец кој дал гол за Борусија Дортмунд во германскиот шампионат.

Почетокот е фантастичен, ќе видиме како овој 19-годишен напаѓач, инаку роден во Лидс, Англија и е син на некогашниот фудбалер на Нотингем, Лидс и Манчестер Сити и норвешки репрезентативец Алф-Инге Халанд.