Првенствениот меч помеѓу Њукасл и Челзи на „Сент Џејмс Парк“ беше на пат да заврши без голови, но во 94 минута комплетно се сменија работите. Фудбалерите на Њукасл лошо го изведоа корнерот, топката дојде до Алан Сен-Максимин кој уфрли во шеснаесетникот, а Ајзак Хајден со глава го совлада Кепа.

Њикасл победи со 1:0 што е нивна осма победа во првенството, додека Челзи го впиша осмиот пораз меѓутоа се уште е на четвртото место на табелата.

Ова е прва победа на Њукасл над Челзи после три порази од лондонските сини.

Standings provided by Sofascore LiveScore