Џордан  Ломба Мпианди, играч за врска од Белгија е едно од можните нови имиња во таборот на Работнички.

Ломба веќе неколку денови е во Скопје, тренира со екипата под водство на тренерот Ратко Достаниќ, а денеска играше и постигна гол во Велес на пријателската средба со Борец.

Џордан има 22 години а последен клуб му бил белгискиот Варемне, претходно играл и за екипата на Ванзе – Бас – Оха.

За евентуален трансфер на Џордан во Работнички, пишуваат и одредени медиуми во Белгија. Досега клубот од Градски парк официјално го договори и го промовираше само Бранислав Трајковиќ, стопер од Србија.