Екипата на Интер испушти нови бодови што можат да го чинат шампионска титула на крајот на сезоната. Попладнево на „Виа дел Маре“ играчите на Конте се изначија за да дадат гол, а кога го дадоа не го задржаа водството. Одигра само 1:1. Шутираа од сите страни, Лукаку погоди но голот му беше поништен поради фаул врз голманот, Брозовиќ ја здрма стативата…

А кога не одеше Контер го внесе младиот Алесандро Бастони кој само четири минути подоцна со глава го „отклучи“ голот на Лече. И кога се чинеше дека работата е 50% завршена, на сцената стапи Лече после вториот шут на голот погоди. Прецизен беше Манкосу на асистенција на Мајер.

Лече е на 17 позиција, а Интер остана на второто место но сега Јувентус има шанса да се одлепи на четири бода ако ја победи Парма вечерва.

Во другите попладневни натпревари од 20.коло Милан со 3:2 го победи Удинезе, Болоња и Верона одиграа 1:1, а Бреша и Каљари ремизираа 2:2.