Леброн Џејмс го предводеше Л.А. Лејкерс во победата 124:115 против Хјустон во дербито на ноќта во НБА лигата. „Кралот“ го доби дуелот со Џејмс Харден и Расел Вестбрук, постигнувајќи 31 поен, пет скока и 12 асистенции. Двете ѕвезди на Хјустон заедо искомбинираа 69 поени. Вестбрук запиша 35 поени, додека Харден имаше еден кош помалку, но недоволно за да се запре расположениот Леброн.

Интересно е дека „езерџиите“ не се најдобрата екипа во лигата, туку тој примат го има Милвоки, кој ја забележа шестата победа во низа против Бруклин, 117:97 и во моментов имаат 38 победи и само шест порази.

Отпорот на Бруклин Адетокумпо и соиграчите го „скршија“ во втората четвртина, а потоа држеа темпо се до крајот. Гркот беше најефикасен со 29 поени и 12 скокови за само 25 минути на теренот, додека Крис Мидлтон додаде 20 поени, а Брук Лопез 12 поени.

Кај домашните, Кири Ирвинг беше најдобар со скромни 17 поени, Торен Принс имаше 13, а Спенсер Динвиди постигна 11.

РЕЗУЛТАТИ

Бруклин – Милвоки      97:117

Бостон – Феникс             119:123

Атланта – Денвер          103:136

Њујорк – Филаделфија               87:90

Чикаго – Кливленд        118:116

Минесота – Торонто    112:122

Голден Стејт – Орландо             109:95

Хјустон – Л.А. Лејкерс 115:124

Оклахома – Портланд 119:106

Јута – Сакраменто         123:101