Македонија ЃП веќе е во Анталија. „Лавовите“ вчера го одработија и првиот тренинг, полека, но сигурно се аклиматизираат во новите, потопли услови.

Тренерот Наџи Шенсои форсира жесток ритам кој треба да се издржи. Покрај тренизите, Македонија ЃП во Анталија ќе одигра и пет пријателски натпревари.