Словенија не успеа да се најде на чекор до полуфиналето на Европското првенство. Само едно добро полувреме против Унгарија не беше доволно за нов триумф.

Избраниците на Љубомир Врањеш беа сопрени од неверојатниот Роланд Миклер, кој беше извондреден во вториот дел (запиша осум од вкупните девет одбрани, сите во вистинско време), го повлече својот тим и сосема заслужено се радуваа на триумф од 28-29 (16-13).

Банхиди со девет гола од десет обиди беше прв стрелец и прогласен за играч на мечот, зад него беше Лигетвари со шест гола. Кај Словенците Доленец запиша осум погодоци.

Во воведните десет минути за нијанса беа подобри Унгарците. Зарабец, Доленец и Мацковчек ја искачија Словенија на 10-7 на средината на првото полувреме. Миклер не блесна, па противникот добро го користеше тоа, избраниците на Љубомир Врањеш се искачија на 14-10.

Унгарија се врати. На одморот замина со негатива од 16-13,  а благодарение на четирите интервенции на Миклер на стартот на второто полувреме со серија од 4-0 израмнија на 17-17 во 40. минута.

Не застана Унгарија, со нова интервенција на Миклер и со двата погодоци на Наџи и еден на Роса поведе со највисоки 18-21 во 44 минута. Врањеш немаше друг избор во игра го уфрли Бомбач кој до средината на второто полувреме беше на клупата на резерви.

Унгарците добија сила, одржуваа позитива од два до три гола (23-26), а на шест минути до крајот пропуштија шанса да поведат со плус четири. Словенија се врати во игра, Доленец и Мацковчек намалија на 27-28,  Лигетвари го постигна најважниот гол на мечот за 27-29, на спротивната страна Доленец реализираше седмерец.

Останаа 40 секунди до крајот и напад за Унгарија, Бомбач заработи исклучување, немаше време за реми.

По завршување на последниот дуел од оваа група меѓу Норвешка и Шведска ќе бидат познати сите математики околу пласманот во полуфиналето.