По поразот на денешното гостување кај вечниот ривал Ливерпул, навивачите на Манчестер Јунајтед добија уште еден шок.

Имено, напаѓачот на тимоот Маркус Рашфорд, кој годинава е убедливо најдобриот во нападот на „црвените ѓаволи“ може да биде надвор од игра долго време поради повреда на грбот.

22-годишниот фудбалер ја влоши повредата на последниот меч од ФА Купот каде неговиот тим славеше над Вулверхемптон со 1.0. Лидерот во нападот на „црвените ѓаволи“ има две повреди на грбот кои се сериозни и за кои закрепнувањето може да потрае и до 3 месеци!

Рашфорд исто така треба да отстрани парче коска во глуждот. Напаѓачот играше извесно време со силна болка за да му помогне на тимот, но сега можеби е вистинско време да ја отстрани и оваа повреда, сметаат во Англија.