Денис Димитриоски, Теофан Илиески – Кисески, Михо Андреески и Петар Симоноски се вратија во Победа и го засилија составот од Прилеп за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – исток. Од таборот на Победа најавуваат дека ќе има уште нови имиња во овој зимски преоден рок. 

Инаку екипата под водство на тренерот повратник Дарко Крстески продолжува со подготивките, се тренира редовно и вредно на теренот со вештачка трева во Прилеп. Закажани се и неколку пријателски средби, и тоа со Тиквеш (05.02), Слога Виница (08.02), Лабуништа (10.02), Кожуф (12.02).