Убавината на Европските првенства ги носат мечевите како Хрватска – Германија, како и денешниот од групата 2 меѓу Португалија и Исланд.

Португалците се најпријатното изненадување на овој шампионат, со нивната игра придобија нови фанови, цела Европа им се восхитува. Иако не успеаја да дојдат до два бода за продолжување на сонот наречен полуфинале, сепак заслужуваат честитки за нивната упорност.

На другата страна Исланд дојде до првите два бода во главната рунда, ја совладаа Португалија со 25-28 (12-14) и влегоа во трка третото место на табелата кое носи битка за петата позиција, и секако виза во квалификациите за ОИ.

По водството на Исланд од 2-8 на стартот на мечот, Португалците најдоа сили и мотив, се вратија на големо во мечот. Пред крајот на првото полувреме со серија од 4-0 се доближија на 10-11, а по 12-14 на одморот, поведоа во 31. минута со 13-14.

На другата страна Палмерсон и Сигурдсон го искористија нивниот пад, во 42. минута го искачија Исланд на 18-21.

Не се откажаа ниту на овој налет. Португалија дојде до ново израмнување 22-22 во 49. минута. Петерсон и Гудмунсон го држеа Исланд во игра (22-24), Ареиа промаши важен седмерец, на другата страна веднаш стигна казна.

Сигурдсон на крајот стави печат на победа. Капитенот на Исланд на крајот запиша пет гола, исто толку погодоци имаше и Палмерсон. Кај Португалците, Мартинс и Ареиа имаа по четири гола.

Во рамките на второто коло од главната рунда денеска силите ќе ги одмерат уште Словенија со Унгарија и Норвешка и Шведска.